Ги отфрли критиките на Штајнмаер и други државници

Помпео: Идејата дека трансатлантската алијанса е мртва е прилично претерана

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли во Германија критиките на претседателот на таа земја и другите европски државници на сметк на изолационистичката политика и егоизмот на владата на претседателот Доналд Трамп и кажа дека тие критики „немаат основа во реалноста“.

„Задоволство ми е да ви кажам дека идејата според која транслатлантскиот сојуз е мртов е поприлично претерана“, кажа Помпео на безбедносната конференција во Берлин.

Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер вчера остро го критикуваше курсот што го следат американските власти.

„Нашиот главен сојузник САД, под актуелната администрација ја одбива и самата идеја на меѓународната заедница. Државите се повикани да ги стават сопствените интереси над интересите на сите други, да бидат „повторно големи“ на штета на соседите и партнерите“, кажа Штајнмаер на отворањето на конференцијата, алудирајќи на слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Помпео одговори дека САД придонеле на јакнењето на источното крило на НАТО, како и на уништувањето на самопрогласениот калифат на Исламска држава.

„Дали се САД тие што ја „отфрлаат меѓународната заедница“? Ние победуваме и тоа го правиме заедно“, кажа Помпео.

Според него, Западот има „подобра иднина од либералните алтернативи“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе