Во посета на Словенија

Помпео и Јанша разговараа за енергетика и безбедносни предизвици

Словенечкиот премиер Јанез Јанша и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во кратка посета на Словенија, во четвртокот се заложија за зајакнување на трансатлантското партнерство и изнаоѓање заеднички одговори на современите предизвици од областа на кибернетичката безбедност и енергетската политика.

EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

„Денес разговаравме за многу важни теми и за стратешкото партнерство меѓу нашите две држави“, рече американскиот министер за надворешни работи на заедничката прес-конференција по разговорот со Јанша во вила Блед.

„Постои јасна разлика помеѓу слободните и неслободните народи и со денешното потпишување на договорот за кибернетичка безбедност ги штитиме и човековите права“, рече Помпео, кој во меѓувреме со словенечкиот министер за надворешни работи Анџет Логар потпиша билатерална изјава за безбедносните услови за воспоставување мрежа од новата 5Г технологија.

Тој, исто така, ја истакна важноста на стабилна енергетска мрежа и енергетска независност.

„Изворите на енергија мора да бидат диверзифицирани, а Соединетите Држави сакаат да обезбедат чиста енергија за Словенците“, рече Помпео.

Според извештаите на медиумите пред денешната американско-словенечка средба, Помпео и Јанша меѓу другото разговарале и за можноста за вклучување на САД во програмата за изградба на нов блок на нуклеарката во Кршко, кога за тоа ќе се донесе политичка одлука, и наводно за можностите за набавка на американски течен гас преку терминалите предвидени во економскиот дел од Иницијативата на три мориња.

На заедничката прес-конференција, Јанша истакна дека Словенците сè уште им се благодарни на Американците што ги ослободиле од тоталитаризмот и примиле словенечки иселеници кои заминале во Соединетите Држави по Втората светска војна.

Според Јанша, Американците двапати ги спасиле Словенците во минатиот век, прво од нацизмот и фашизмот, а потоа и од комунизмот.

„Словенија во НАТО сојузот сака да стане веродостоен партнер и, заедно со Соединетите Држави, да ја продолжи политиката што овозможи пад на железната завеса и Берлинскиот ѕид“, рече Јанша.

Тој додаде дека Европа и Соединетите Држави ги чекаат предизвици кои не се ништо помалку од оние пред повеќе децении, и дека Словенија ќе работи на зајакнување на трансатлантското партнерство и во време кога во втората половина на следната година ќе предводи со Советот на Европската унија.

Меѓу безбедносните предизвици, тој ја наведе опасноста од сајбер напади.

„Ги гледаме САД како единствена сила во западната цивилизација способна да се соочи со новите форми на безбедносни закани“, рече тој, заблагодарувајќи му се на Помпео за неговата посета и поздравите од претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, која е родена во Словенија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе