Помпео: „Хонг Конг веќе не е автономен во однос на Кина“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го извести Конгресот дека администрацијата на претседателот веќе не смета дека Хонг Конг е област што е автономна од Кина.

Фото: ЕПА

Со оваа објава на американските законодавци им се отвора патот на САД да го укинат преференцијалниот трговски и финансиски статус на таа поранешна британска колонија, кој го има откако е вратена под управа на Кина во 1997 година.

Помпео рече дека на Хонг Конг повеќе не му е загарантирано да се третира според американските закони на ист начин како што тие закони се применувале пред јули 1997 година.

Неговата изјава не беше придружена со повлекување на некоја конкретна привилегија, но е дадена во време на бројни повици за САД и другите земји да реагираат против потезите на Пекинг за воведување на кинески закон за национална безбедност во таа полуавтономна територија.

„Катастрофалната одлука на Пекинг е само последна во низата акции што во основа ја поткопуваат автономијата и слободите на Хонг Конг и ветувањата на самата Кина до народот на Хонг Конг во согласност со британско-кинеската заедничка декларација, меѓународниот договор заведен во ОН“, рече Помпео.

Тој рече дека ниту една разумна личност денес не може да тврди дека Хонг Конг има високо ниво на автономија од Кина, со оглед на фактите на терен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе