„Помпео го загуби разумот“: Кинески дипломат возврати на нападите на САД за кинеските инвестиции во Чиле

Кинескиот амбасадор во Сантјаго го нарече американскиот државен секретар Мајк Помпео „лицемер", откако тој се обиде да ја одврати јужноамериканската нација да соработува со Пекинг, додека САД и Кина се сè уште заглавени во трговска војна.

„Помпео го загуби разумот и отиде предалеку“, рече амбасадорот на Пекинг во Чиле, Ксу Бу, критикувајќи го „злонамерното обвинување“ на кинеските економски активности во регионот како „злобни“ и „апсурдни“.

Помпео во петокот во Сантјаго изјави дека кинеските инвестициски проекти во Јужна Америка се „стапици за долг“. Пекинг „често инјектира корозивен капитал во економскиот крвоток, оживувајќи ја корупцијата и поткопувајќи го доброто владеење“, рече тој.

Возвраќајќи, амбасадорот Ксу рече дека економските врски меѓу Чиле и Кина „донеле опипливи придобивки за развојот на економијата на Чиле“, а соработката останува заемно корисна. Тој истакна дека трговијата на Чиле со Пекинг надминала 42,8 милијарди долари, што е речиси двојно поголема од трговијата што ја има со Вашингтон (24 милијарди долари).

„Помпео е лицемер“, рече тој, додавајќи дека САД се тие „кои не направиле значителен придонес“ за економијата на јужноамериканските држави.

„САД не се искрен партнер“, истакна Ксу.

САД и Кина се заглавени во трговска војна откако претседателот Доналд Трамп воведе увозни тарифи за кинеските прозиводи. Во знак на одмазда, Пекинг го стори истото со голем број на американски производи.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе