Помпео го повика светот да ѝ се спротивстави на Кина

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео го повика светот да ѝ се спротивстави на Кина, по разговорите во Лондон со претставниците на британската влада, предупредувајќи на опасноста што ја претставува кинеската комунистичка партија.

Фото: ЕПА

„Веруваме дека целиот свет треба да соработува за да се осигура дека сите земји, вклучително и Кина, се однесуваат во согласност со меѓународниот поредок“, изјави Мајк Помпео на прес-конференцијата со својот британски колега Доминик Рааб.

Поздравувајќи ги „отворените“ разговори со британските официјални претставници, Помпео ги повика „сите земји што се држат до слободата и демократијата“ да разберат каква закана претставува кинеската комунистичка партија.

Во последните месеци, Велика Британија се приближи до позицијата на Вашингтон, кој е во отворен конфликт со Кина, па дури и ја смени својата одлука околу кинескиот Хуавеј, при што Помпео негираше дека Вашингтон извршил притисок врз Лондон во тој поглед.

„Таа одлука е донесена не затоа што Соединетите држави рекоа дека тоа е добра одлука, туку затоа што лидерите, овде во Велика Британија, заклучија дека е добра работа за британските граѓани да донесат таква одлука“, рече тој.

Пред една недела, Лондон нареди опремата на кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј да биде целосно отстранета од британската 5Г мрежа до 2027 година.

Поништувајќи ја јануарската одлука дека уделот на Хуавеј опремата за британската 5Г мрежа, со исклучок на основната телекомуникациска инфраструктура, може да изнесува до 35 проценти, Џонсон им забрани на британските телекомуникациски оператори до крајот на годината да купуваат Хуавеј опрема и им дадоа седум години да ја решат веќе инсталираната опрема.

Кина возврати дека Лондон дозволил да биде измамен од страна на Американците.

„Информациите што минуваат низ таа мрежа со кинеско потекло сигурно ќе завршат во рацете на Кинеската комунистичка партија“, претходно рече Помпео. Хуавеј остро ги негираше овие обвиненија.

Државниот секретар Помпео околу пладне дојде во Даунинг стрит, без маска, што ниту британскиот премиер Борис Џонсон немаше. Сепак, седеле на оддалеченост од повеќе од еден метар.

„Физичка дистанца не значи дипломатска или политичка дистанца“, се пошегува Џонсон.

На агендата на нивните разговори бил и идниот трговски договор по брегзит, како и ситуацијата во Хонг Конг.

Велика Британија ја налути Кина со тоа што им понуди олеснето британско државјанство за речиси три милиони жители на Хонг Конг, како одговор на кинескиот закон за национална безбедност, воведен од Пекинг на таа поранешна британска колонија минатиот месец.

Британците во понеделникот го суспендираа договорот за екстрадиција со Хонг Конг.

Рааб во понеделникот пред парламентот изјави дека договорот ќе биде суспендиран веднаш и дека ембаргото за вооружување ќе се прошири и на Хонг Конг.

Кина веднаш во вторникот објави дека силно ќе одговори на британската суспензија на договорот за екстрадиција со Хонг Конг и ја повика владата во Лондон веднаш да ги исправи своите грешки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе