Помпео до Лавров: Трамп е посветен на подобрување на односите со Русија

Претседателот Доналд Трамп е посветен на подобрување на односите со Русија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во разговорот со Сергеј Лавров во Сочи.

Помпео додаде дека двете земји не мора да се согласуваат за сè, но дека има простор за соработка, особено во областа на антитероризмот и борбата против ширење на нуклеарното оружје.

Лавров рече дека е време Русија и САД да почнат да работат заедно на нов и конструктивен начин.

Во пресрет на разговорите, тој истакна дека постојат сомнежи во односите меѓу двете земји, но дека се надева на конструктивен дијалог.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе