Помпео: Авторитаризмот е сѐ уште жив во три земји

Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди вчера во чешкиот Град Плзењ дека јакнењето на авторитаризмот во Русија, Кина и Иран ги загрозува слободите низ светот.

EPA-EFE

На почетокот на турнејата по централна и источна Европа, Помпео им одаде почит на американските војници кои во 1945 година ги ослободиле западните области на Чехословачка од фашистичката окупација.

Кај споменикот „Благодариме Америка“ на западот на Чешка Помпео повика на континуирано внимание со цел заштита на демократските вредности, но не ги спомна немирите во Белорусија по претседателските избори во неделата.

„Важно е да се има на ум, дури и кога славиме, дека останува уште работа бидејќи авторитаризмот е сѐ уште жив во Пекинг, Москва и Техеран“, кажа Помпео.

Тој денес во Прага ќе се сретне со чешкиот државен врв, со кој, според Стејт департментот, ќе разговара за соработка во областа на нуклеарната енергија и за „напорите за спротивставување на малигните потези на Русија и комунистичка Кина“.

Турнејата ќе ја продолжи со посети на Словенија, Австрија и Полска.

Помпео планира да ја искористи турнејата за да ги наговори домаќините да се спротивстават на руското и кинеското влијание. Москва и Пекинг сакаат поголема улога низ Европа во секторите на енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе