Помор на пчелите во Франција, загрозено производството на мед

Пропаѓањето на пчелините колонии поради климатските промени и користењето инсектициди би можело да значи уште една лоша година за производството на мед во Франција, предупредија француските пчелари.

Пчеларите низ земјата повикуваат на тревога бидејќи нивните пчели умираат и производството на мед е во опасност.

„Пчелите не можат ништо да соберат. Првиот дел од сезоната беше катастрофален. Потрошувачите мора да бидат внимателни, оваа година ќе биде многу тешко да се најде вистински француски мед“, предупреди претседателот на земјоделското здружение МОДЕФ Робер Егоан.

Катастрофалното производство на мед, за жал, не е ништо ново, уште во 2017 година медиумите предупредуваа на „катастрофално“ производство на мед. И тоа по 2016 која беше најлоша годиа во историјата, со произведени само девет илјади тони, во однос на вообичаените 18 до 20 илјади тони мед.

Франција е петтиот произведувач на мед во ЕУ. И другите големи произведувачи како Шпанија, Романија, Полска, Унгарија, Грција и Италија, бележат големи флуктуации во производството на мед.

Само Франција и Унгарија во Европа забележаа нагло опаѓање на производството на мед во периодот од 2017 до 2018 година, за околу 5 илјади тони. Податоците на Европската комисија покажуваат дека сепак и Франција, и Романија и Грција известиле дека минатата година имале помалку кошници отколку пред три или четири години.

„Не станува збор само за Франција. Мој пријател, кој е пчелар во Италија, ми кажа дека во 43 години, колку што професионално се бави со пчеларство, оваа година е најлоша“, кажа генералниот секретар на Националниот синдикат на француските пчелари (УНАФ) Анри Клемен.

Во Франција бројот на угинати пчели нагло скокнал во последните две децнии, од просечните пет отсто по колонија годишно во 90-тите на најмалку 30 отсто денес, што значи дека годишно пчеларите губат третина од пчелите во колонија.

Многумина поморот го препишуваат на климатските промени.

„Веќе некое време сме вознемирени поради влијанието на климатските промени. Тоа е најголемата грижа на пчеларитте. Оваа година уште на крајот на зимата имавме мраз и северни ветришта кои го сушеа цвеќето па не се создаваше нектар“, кажа Клемен.

„Зимата беше толку блага што пчелите немаа проблем со репродукцијата, но без цвеќиња и нектар колониите брзо пропаѓаат. Во кошниците нема храна, пчеларите мора да ги хранат пчелите со сируп бидејќи можат да умрат од глад“, објаснија од МОДЕФ.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе