Помладите од 55 години во Франција ќе се ревакцинираат со друга вакцина по Астра зенека

Французите помлади од 55 години, кои веќе примиле прва доза од вакцината на Астра зенека против ковид-19, при ревакцинација ќе примат вакцина од друг производител, односно вакцина базирана на информациона РНК (иРНК), објавија француските власти.

Фото: ЕПА

Високата здравствена агенција (ХАС) официјално го потврди новото правило, кое министерот за здравство Оливие Веран го оцени како „сосема логично“ за над 500.000 засегнати лица, меѓу кои и тој самиот.

Ова значи дека лицата вакцинирани со Астра зенека ќе добијат втора доза вакцина произведена од Фајзер/Бајонтек или Модерна.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата заклучи дека ретки случаи на згрутчување на крвта по вакцинацијата со вакцината на Астра зенека се „ретки несакани ефекти“ на вакцината и не можат да бидат поврзани со возраста, полот или медицинската историја.

ЕМА исто така нагласи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Вакцината на Астра зенека во Франција првично била наменета за лица помлади од 65-годишна возраст, бидејќи немало доволно податоци за нејзината ефикасност кај постари лица. Во март, нејзината употреба била проширена и на постари лица.

Во средината на март, вакцинацијата со неа е прекината на неколку дена поради појава на ретка тромбоза во Европа. На 19 март Франција одлучи да им ја дава само на лица постари од 55 години, бидејќи ретки тромбози се појавиле кај помлади лица. Други земји исто така воведоа возрасна граница.

Астра зенека во Велика Британија се препорачува за постари од 30 години, во Германија за постари од 60 години и во Шведска за постари од 65 години.

Франција веќе вакцинирала повеќе од 10 милиони луѓе со прва доза на вакцина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе