сабота, 20 април 2024

Иранскиот министер за надворешни работи вели дека конфликтот нема да ескалира исмевајќи го израелското оружје

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан во интервју за Ен-би-си одби да признае дека Израел стои зад нападот врз Иран извршен во петокот и додаде дека оружјето користено во тој напад „повеќе личи на детски играчки отколку на беспилотни летала“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Она што се случи не беше напад“, рече Амирабдолахиан во Њујорк, каде присуствуваше на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Амирабдолахиан истакна дека Иран не планира да одговори доколку Израел не изврши значителен напад.

Иранскиот министер за надворешни работи, сепак, предупреди дека доколку Израел го нападне Иран, одговорот ќе биде брз и силен.

Тој изјави дека целта на иранскиот напад врз Израел на 13 април е „предупредување“ и додаде дека Иран можел да ги погоди Хаифа, Тел Авив и сите израелски пристаништа, но сакал само да го предупреди Израел и да избегне цивилни жртви.

Во израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа двајца генерали и пет офицери на Корпусот на иранската Револуционерна гарда, а Иран одговори 12 дена подоцна, започнувајќи го нападот врз Израел со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала.

Тој напад не предизвика значителна штета, а речиси сите ракети и беспилотни летала беа пресретнати од израелски, американски и други сојузнички сили.

Во петокот беше извршен напад на воен аеродром во близина на градот Исфахан во централен Иран, а иранските медиуми објавија дека над Исфахан биле соборени три беспилотни летала.

Неименувани американски претставници изјавија за американските медиуми дека Израел го извршил нападот во Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ