„Поминете“ 3 минути во центарот на пожарот во Атина (ВИДЕО)

На интернет се појави снимка што прикажува како изгледа да се биде во центарот на пожарот што уби осумдесет и три луѓе во грчкото село Мати во близина на Атина.

Човекот што ја направил драматичната снимка, на која се гледа целиот ужас на огнената стихија што го опколила, е сопственик на куќа во Мати, селото кое најмногу настрада во катастрофалните пожари во околината на Атина. Како што пренесоа грчките медиуми, тој во паника ја отворил вратата од куќата за да ја спаси мачката, но ветар ја затворил вратата и повеќе не можел да се врати во неа.

Така останал пред куќата, залепен до ѕид, додека огнот голтал сѐ пред себе со огромна брзина. Пожарот бил толку блиску до него и околу куќата што се поставува прашањето како воопшто преживеал.

Според корисникот на Фејсбук што ја објави снимката и го познава човекот што ја снимил, и тој и мачката го преживеале пожарот.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе