Поминаа 60 години од летот на Гагарин во вселената

Русите слават 60-годишнина од првиот лет на човекот во вселената, подвигот на космонаутот и советски херој Јуриј Гагарин, кој останува една од најценетите личности во Русија.

По тој повод, рускиот претседател Владимир Путин патува за Енгелс, град на југот на земјата, на крајбрежјето на Волга, до местото каде што Гагарин слета по историскиот лет и каде се наоѓа споменик на тој чин.

Годишнината на летот во вселената е „ден на национална гордост“ за Русија, рече во петокот портпаролот на Путин Дмитриј Песков.

Ракетата Восток со 27-годишниот Гагарин била лансирана на 12 април 1961 година од космодромот во Казахстан, тогаш дел од Советскиот Сојуз.

Летот траел само 108 минути, или еден круг околу Земјата.

Легендата за човекот кој од скромни почетоци стана советски херој живее и денес, а летот на Гагарин секоја година во Русија се слави како Ден на космонаутиката, пишува агенцијата Франс Прес.

Капсулата Восток е изложена во московскиот Музеј на космонаутиката, каде утре се отвора изложба за Гагарин.

Посетителите таму ќе можат да видат документи, фотографии и лични работи на Гагарин, од кои некои датираат од неговото детство. Гагарин почина во 1968 година во авионска несреќа.

„Тоа е веројатно единственото презиме што сите го знаат, од четиригодишни деца до постари од 80 години“, рече Вјачеслав Климентов, историчар и заменик директор за истражување во музејот.

„Мислам дека подвигот на Гагарин, заминувањето на човекот во вселената за прв пат, ги обединува сите Руси“, додаде тој.

Тој лет останува извор на гордост во Русија и симбол на доминацијата на Советскиот Сојуз во вселенската трка од таа ера. Четири години пред Гагарин, СССР веќе стана првата земја што испрати сателит во орбитата, сателитот наречен Спутник.

Шеесет години подоцна, Русија продолжува редовно да испраќа свои космонаути до Меѓународната вселенска станица (ИСС). Во петокот, руското летало Сојуз, украсено во чест на Гагарин, полета од Бајконур со двајца Руси и еден Американец.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе