Полугола активистка на Фемен се обиде да ја украде куклата Исус од Ватикан (ВИДЕО)

Полугола активистка на феминистичката група Фемен се обиде да ја украде куклата на бебето Исус од колепката на плоштадот Свети Петар, но во тоа ја спречи полицијата.

Фоторепортерот на Ројтерс изјави дека жената скокнала преку заштитната ограда и истрчала до колепката извикувајќи „Бог е жена“.

Истиот слоган бил испишан на нејзиниот гол грб.

Ватикански полицаец ја спречил да ја земе куклата и ја уапсил. Инцидентот се случил два часа пред папата Франциско да ја одржи традиционалната Божиќна миса пред околу 50.000 луѓе на плоштадот.

Фемен на својата интернет страница објави дека станува збор за Алиса Виноградова и ја нарече „секстремистка“.

Целта на групата, формирана во Украина, е „конечна победа над патријархатот“, пишува на страницата на Фемен.

Активистка на феминистичката група слична акција изврши на католичкиот Божиќ 2014, но тогаш успеа да ја земе куклата на Исус пред да ја уапсат полицајците.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе