Не е на листата на говорници

Полскиот претседател не оди во Израел на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Претседателот на Полска Анджеј Дуда најави дека нема да присуствува на комеморацијата во Израел по повод 75-годишнината од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц, бидејќи нема да му биде дозволено да одржи говор за разлика од претседателите на Русија и Германија.

Дуда не е на листата на говорници на Светскиот форум на холокаустот, кој ќе биде одржан на 23 јануари во Ерусалим во Јад Вашем, Меморијалниот центар на холокаустот.

Тој изрази загриженост поради неодамнешните изјави на претседателот на Русија Владимир Путин во кои се сугерира дека Полска е делумно одговорна за еврејските жртви во Втората светска војна.

Војната официјално почна на 1 септември 1939 година, кога нацистичка Германија ја нападна Полска.

Набрзо потоа Советскиот Сојуз анектираше дел од источна Полска во рамки на пактот за ненапаѓање со Германија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе