Полскиот премиер сака да изгради триумфална капија во Варшава

Споменот на победата на Полска над руските болшевички сили во летото 1920 година, кога го сопрела напредувањето на Црвената армија на запад, би требало да се одбележи со изградба на триумфална капија во главниот град на Полска, смета премиерот Матеуш Моравјецки.

Полската победа во 1920 во битката кај Варшава заслужува „големо сеќавање“ бидејќи станувало збор за една од пресудните битки во европската, но и во светската историја, напиша денес Моравјецки на Твитер.

Без победата на Полска во 1920, „немаше да ја има Европа каква што денес ја знаеме“, додаде премиерот.

Победата на Полска ѝ овозможи задржување на тукушто извојуваната независност, и, според Моравјецки, спречила комунизмот да се прошири во западна Европа.

Моравјецки во петокот на Фејсбук го даде своето мислење дека триумфална капија би била достоен спомен на битката и додаде дека дал донација на фондацијата која сака да ја изгради во Варшава.

Споменикот би требало да биде изграден „наскоро“, но сепак не на време за одбележување на 100-тата годишнина на битката на 15 август следната година, кажа полскиот премиер.

Во спомен на битката, 15 август во Полска се слави како Ден на војската. Бидејќи датумот на битката е на ист датум со католичкиот празник Вознесението на Марија, понекогаш се нарекува и „Чудото на Висла“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе