Полскиот премиер го обвинува Путин за мигрантската криза

Полскиот премиер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад мигрантската криза на белоруската граница со Полска, пренесе Би-би-си.

Фото: ЕПА

Матеуш Моравјецки рече дека белорускиот авторитарен челник Александар Лукашенко, близок сојузник на Владимир Путин, ја управува кризата, но дека „иницијаторот е во Москва“.

Најмалку 2.000 луѓе се запрени на граничното подрачје во услови на студ.

Белорускиот претседател ги негираше обвинувањата дека ги пратил луѓето преку граница сакајќи да се одмазди за воведувањето на европските санкции.

Видеоснимките покажуваат толпи луѓе од белоруската страна на границата со Полска, на која е поставена боцкава жица. Некои од нив се обидуваат да се пробијат на другата страна користејќи алат за сечење жица, стебла дрвја или со заедничка сила, додека од другата страна полските чувари, изгледа, користат солзавец за да ги спречат во обидите.   

Многу мигранти се млади луѓе, но има и жени и деца, главно пристигнати од Блискиот Исток и од Азија. Тие се сместени во шатори на подрачјето на Белорусија, стиснати меѓу полските чувари од една страна и белоруските, од друга. 

Температурите во ноќта се спуштаат под нулата и во последниве денови од студот умреле неколку луѓе. 

Зборувајќи во вторникот на итната седница на парламентот откако ги посети силите на границата, полскиот премиер рече: „Овој напад што го презеде Лукашенко е осмислен во Москва, а главниот мозок е претседателот Путин.“

Тој ги обвини рускиот и белорускиот челник дека настојуваат да ја дестабилизираат Европска Унија пуштајќи ги илегалните мигранти, патувајќи преку Белорусија, да се обидат да влезат на територијата на Унијата.  

Тој ја опиша ситуацијата како „нов тип на војна, во која луѓето се користат како човечки штит“ и констатира дека Полска се соочува со сценарио со кое се сака да се предизвика хаос во Европската Унија. 

Истакна дека ова е првпат во 30 години полската погранична безбедност да биде толку брутално загрозена.

Полска распореди на границата дополнителни сили и предупреди за можна „оружена“ ескалација, стравувајќи дека Белорусија би можела да се обиде да предизвика инцидент.

Полска, Литванија и Латвија, кои се членки на Европска Унија, последниве месеци се соочени со обиди на голем број луѓе, илегални мигранти, од Белорусија да влезат на територијата на Европската Унија. Литванија во вторникот на својата граница со Белорусија прогласи вонредна состојба, која ќе стапи во сила на полноќ.  Сепак, поголем дел од обидите за влез се во Полска, особено околу најголемиот граничен премин во Кузница.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе