Полскиот министер: Европа е поблиску до војна од кога било во последниве 30 години

Европа е поблиску до војна од кога и да е во последниве 30 години, предупреди полскиот министер за надворешни работи за време на третата рунда разговори оваа недела со цел намалување на тензиите поради барањето на Русија никогаш да не ѝ се дозволи на Украина да се приклучи на НАТО сојузот.

Илустрација: ЕПА

Обраќајќи им се на претставниците на 57-те членки на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Збигњев Рау не ја именуваше Русија, но наведе низа конфликти во кои наводно е вмешана Москва.

„Се чини дека заканата од војна на просторот на ОБСЕ е поголема од кога било во последниве 30 години“, рече Рау во говорот во кој ги истакна приоритетите на својата земја додека оваа година претседава со таа организацијата.

„Веќе неколку недели се соочуваме со можноста за голема воена ескалација во Источна Европа“.

Полска е меѓу најгласните членки на НАТО кога станува збор за соочување со она што го сметаат за ревизионистички амбиции на Русија во Источна Европа.

„Треба да се фокусираме на мирно решавање на конфликтот во и околу Украина“, додаде Рау, повикувајќи на „целосно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Русија распореди околу 100.000 војници во близина на своите граници со Украина, која веќе се бори против сепаратистите поддржани од Москва на својот исток. Русија го анектираше украинскиот регион Крим во 2014 година.

Разговорите во четврток во Виена се први оваа недела на кои Украина ќе биде претставена, и тоа само на пониско, амбасадорско ниво.

Не е постигнат напредок во министерските разговори оваа недела меѓу Русија и САД во Женева и Русија и НАТО во Брисел. Во четвртокот Кремљ ги опиша безбедносните преговори на Русија со САД и НАТО како „неуспешни“ и рече дека има несогласување околу фундаменталните прашања.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе