Полски европарламентарец по оштетувањето на Северен тек: „Благодарам САД“

Европарламентарецот и поранешен министер за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски им се заблагодари на САД за оштетувањето на гасоводот Северен тек.

EPA-EFE

„Мала работа, а толку радост. Благодарам САД“, објави Сикорски на Твитер со фотографија од местото на оштетувањето на гасоводот Северен тек.

Сикорски покрај тоа објави и изјава на американскиот претседател Џо Бајден кој на 7 февруари се закани дека САД ќе го уништат Северен тек ако руските трупи ја поминат украинската граница.

Обединетите нации немаат начин да ги проверат тврдењата дека гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 биле предмет на саботажа и се надеваат дека истекувањето гас ќе биде сопрено, изјави на конференција за новинарите портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик.

„Ги видовме вестите, но немаме начин да ги провериме тие тврдења, а ни мандат за спроведување истрага. Се надеваме дека ќе биде сопрено истекувањето на гасот за да се обезбеди поголем проток“, кажа Дижарик.

Компанијата Норд стрим АГ соопшти дека три крајбрежни линии на гасоводниот систем Северен тек претрпеле оштетувања „без преседан“ во само еден ден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе