Поради напливот на мигранти

Полската војска распоредена на границата со Белорусија

Полска распореди стотици војници на својата граница со Белорусија за да им пружи поддршка на граничарите поради приливот на мигранти кои сакаат да влезат во земјата.

Фото: ЕПА

Министерот за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека во операцијата биле вклучени повеќе од 900 полски војници и додаде дека се верува дека повеќето мигранти кои се обидуваат да преминат се од Ирак.

Полскиот заменик министер за внатрешни работи доцна во вторникот вечер на Твитер објави дека границата со Белорусија е запечатена и дека војниците биле таму една недела.

Полска, како и Литванија и другите балтички земји, го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека испраќа мигранти преку нивните граници, кои воедно се и надворешна граница на Европската унија.

Тие го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како инструменти во „хибридна војна“ и дека неговата постапка е одговор на санкциите на ЕУ воведени против Белорусија по претседателските избори минатата година, кои Западот ги гледа како наместени. Литванија прва се соочи со голем број мигранти кои се обидуваат да влезат во земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе