Полска сака да ги купи вакцините Џонсон&Џонсон од Данска

Полска сака да ја купи вакцината Џонсон&Џонсон против ковид-19 од Данска, изјави денес владиниот портпарол, откако Данска ја исклучи вакцината од својата програма за вакцинирање, поради можната поврзаност со формирање на крвни згрутчувања.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Данска во понеделникот стана првата земја што забрани вакцинирање со вакцината Џонсон&Џонсон, а минатиот месец, престана да вакцинира и со Астразенека, исто така поради реткото формирање на крвни згрутчувања по вакцинацијата.

Полските власти велат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат сите можни ризици.

„Полска изрази волја (да купи вакцини Џонсон&Џонсон). Премиерот испрати писмо до данската премиерка во врска со овие вакцини дозволени за употреба на европскиот пазар“, изјави портпаролот на владата Пјотр Мулер по телефон за Ројтерс, потврдувајќи ја така веста од Полсат њуз.

Мулер додаде дека Полска е подготвена да ја купи секоја вакцина чија употреба е одобрена во Европската унија, вклучително и на Астразенека.

Полсат претходно објави дека полскиот премиер Матеуш Моравиецки во писмо до својата данска колешка напишал: „Ако Данска одлучи да продаде дел од своите залихи (Џ&Џ), Полска е подготвена да ги купи“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 20 април објави дека воспоставила можна поврзаност помеѓу вакцината Џонсон&Џонсон и реткото формирање на згрутчување на крвта кај возрасни во САД кои ја примиле вакцината.

Сепак, ЕМА истакна дека вкупните придобивки ги надминуваат ризиците.

Полска досега целосно вакцинирала 3,1 милион жители од вкупно околу 38 милиони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе