Нуклеарно споделување

Полска преговара да добие нуклеарно оружје, ќе го користи само ако дозволи Вашингтон

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Полска преговара со Соединетите Американски Држави за тоа да ја вклучат во програмата „Нуклеарно споделување“ (Nuclear Sharing) која овозможува некои сојузнички земји да добијат американско нуклеарно оружје, и да можат да го употребат ако Вашингтон тоа им го дозволи.

EPA-EFE

„Проблемот е пред сè тоа што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува на тоа дека Полска би можела да го има во скоро време. Секогаш постои можноста за учество во програмата „Нуклеарно споделување“. Разговаравме со американските лидери за тоа дали САД размислуваат за таква можност. Темата е отворена“, кажа Дуда во интервју за полскиот неделник Газета полска.

Полскиот претседател кажа дека руските закани со употреба на нуклеарно оружје укажуваат на размислувањето дека „ако Русија не биде голема, светот може да престане да постои“.

„Ако Русија почне нуклеарна војна, одговорните за тоа ќе бидат проколнати во целиот свет“, кажа Дуда.

Во програмата за заеднички нуклеарен одговор се вклучени Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција и тие имаат нуклеарно оружје во нивните бази, но може да се употреби само во рамки на заедничката одбрана на НАТО и со дозвола од САД.

Германскиот весник ФАЗ во мај пишуваше за можноста да се смени стратегиската концепција во НАТО и во нуклеарната програма да се вклучат и некои земји од источното крило на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе