„Државјаните на Украина кои престојуваат во Полска во центрите за колективно сместување ќе учествуваат во трошоците за сместување и оброци“, се наведува во соопштението на владата, а пренесува Ројтерс.
Оние кои престојуваат во овие видови сместување (на пример во хотелски соби или училишни домови кои ги финансира државата) подолго од 120 дена ќе мора да покријат 50 отсто од трошоците дневно, а по 180 дена тоа би изнесувало 75 отсто.
Од овој план би требало да бидат исклучени оние кои се неспособни за работа поради возраста или инвалидитет, како и трудниците. Намерата на владата е овие правила да се применуваат од 1 март следната година, а предлог законот ќе оди во парламентот каде се очекува да биде усвоен.
Над милион украински бегалци најдоа привремен дом во Полска од крајот на февруари оваа година. Меѓутоа, ресурсите на Полска пресушуваат поради кризата со трошоците за живот и оптоварувањето на буџетот, па на мигрантите им е сè потешко да најдат станови и да добијат поддршка, истакнува британската агенција.