Општествен експеримент

Полска официјално им забрани на учениците да се жалат, треба да се фокусираат на позитивното

Основното училиште број 143 во Варшава официјално забрани какви било жалби, негативни забелешки и кукање, во надеж дека неговиот пример ќе го следат и други училишта.

„Забраната учениците да се жалат е од прагот на училиштето. Се потсетуваме сами себе дека треба да го гледаме она што е добро, позитивно, а не да кукаме“, објасни за полската приватна телевизија ТВН24 учителката на тоа училиште Анета Пухала.

Директорката на училиштето Кристина Јакубовска верува дека на тој начин ќе ги научи учениците, учителите и родителите да се замислат дали вреди само да се жалат или е подобро да се забележи позитивното. Таквиот начин на учење на оптимизам од мали нозе ќе се примени и во едно основно училиште и градинка во местото Тихи на југот на Полска.

„Полјаците со векови сакаат да пишуваат за себе дека се валкани, неуредни, не ги почитуваат правилата. Сите ги знаеме тие нешта. Тоа е трајната полска слика за сопствената заедница. Но, кукаме помалку отколку пред 30 години“, вели социологот Адам Лешчински.

Полскиот психијатар Марек Јурашек предупреди дека во таа склоност на Полјаците да кукаат, да се жалат и со песимизам да гледаат на светот и општеството се напишани и книги, и дека таквиот тип на јунак се појавува често во литературата.

„Постои зараза со кукањето кое предизвикува стрес. Во општеството со повеќе симпатии гледаме на оној што се жали. А ако некој каже – супер, купив автомобил, одам на летување, на таквите лица се гледа со антипатија и не ги сакаме“, вели Јурашчек.

Експериментот со учење на оптимизам од мали нозе во двете полски училишта не предвидува никакви казни за тие што ќе ја прекршат забраната.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе