Путин цитира архиви од Втората светска војна

Полска ќе „подигнела величествен споменик“ во чест на Хитлеровиот план да ги протера Евреите во Африка

Некои нации во Европа што соработувале со Адолф Хитлер и му аплаудирале на неговиот антисемитски крстоносен поход сега ги рушат спомениците од Советската војна и сакаат да го изедначат СССР со нацистичка Германија, рече Владимир Путин.

Рускиот претседател во обраќањето пред претставници на Министерството за одбрана во вторникот, потсети на лошите случки што ѝ претходеле на Втората светска војна, велејќи дека има еден конкретен факт во архивските досиеја што најмногу го погодил.

Во 1938 година Адолф Хитлер го примил полскиот амбасадор во Германија, Јозеф Липски, и му го кажал својот план да ги протера европските Евреи во Африка, каде што сигурно ќе биле истребени, рече Путин.

„Амбасадорот во Полска одговорил, а потоа одговорот го запишал во својата телеграма до полскиот министер за надворешни работи: 'Му реков на Хитлер дека, доколку го направи тоа, ќе му подигнеме величествен споменик во Варшава'“, рече претседателот цитирајќи ја архивата на податоци.

„Тој бил копиле, антисемитска свиња, нема друг начин да го кажам тоа. Тој целосно се согласил со антисемитските чувства на Хитлер и, згора на тоа, му ветил дека ќе му подигне споменик во Варшава за малтретирањето на еврејскиот народ.“

Зборовите на Путин се однесуваат на резолуција на Европскиот парламент во која се тврди дека спогодбата за ненапаѓање во 1939 година меѓу СССР и нацистичка Германија (позната како Пакт Молотов-Рибентроп, по имињата на советскиот и германскиот министер за надворешни работи) го „отворила патот за избувнување на Втората светска војна“.

Но за Путин, потпишувањето на пактот со Хитлер било избирање на помалото зло, зашто Советскиот Сојуз имал помалку време да се подготви за германската офанзива. Во меѓувреме, ни другите европски нации не беа многу подобри, рече тој.

Почнувајќи од 1938 година, кога Хитлер покажал аспирации кон дел од Чехословачка, Велика Британија и Франција го предале својот сојузник, иако (Прага) имала договор за заемна помош со Франција, и му дале можност на Хитлер да ги искористи (регионите од земјата населени со Германци).

Една година подоцна, Третиот рајх ја нападна Полска, источноевропската земја што соработуваше со Хитлер пред војната, како што велат историските записи.

„Токму овие луѓе тогаш преговараа со Хитлер и токму таквите луѓе сега ги уништуваат спомениците на војниците на Црвената армија, кои ги ослободија европските земји и народи од нацистите“, заклучи рускиот претседател. „Тие се нивни следбеници“.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе