Германската влада денес потврди дека го примила барањето на Полска за испраќање тенкови „леопард 2“ од германско производство во Украина.
Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучил на Киев да му се испратат тенкови „леопард“, објави денес германски Шпигл.
Се наведува дека станува збор за моделот „леопард 2А6“ и, цитирајќи неименувани извори, тие ќе дојдат директно од складиштата на Бундесверот.
Ќе биде испорачана една чета тенкови (се состои од три тенковски вода со по четири тенка во секој вод).
Покрај тоа, Берлин ќе им дозволи и на други држави кои ги поседуваат тие тенкови да ѝ ги испратат на Украина.