Полска и Украина започнаа соработка во индустријата за нафта и гас

Полската државна компанија за гас ПГНиГ објави дека склучила договор со Украина за соработка во вадење и истражување на нафта и гас во Украина.

Договорот се однесува за работа на проширување на полето Пшемишл на украинската страна на границата, рече главниот извршен директор на ПГНиГ, Пјотр Возниак.

„Би било штета да не се искористи можноста за соработка, особено во светло на предизвиците со кои се соочуваме при преминот од оваа на следната година, и подоцна“, рече Возниак.

Тој додаде дека извлечениот гас може да се користи во Украина, но дека ПГНиГ би сакал дел од гасот да оди во Полска.

„Овој договор нè прави активен играч на пазарот на гас во регионот и исто така придонесува за безбедноста на Полска и другите земји“, рече асистентот на полскиот претседател Кшиштоф Шчерски за време на прес-конференцијата најавувајќи го договорот.

ПГНиГ неодамна објави дека не планира да го продолжи договорот за снабдување со гас со рускиот Газпром по неговиот истек на крајот на 2022 година. Притоа порача дека Полска обезбедила снабдување со гас со диверзифицирање на изворите за набавка, особено течен природен гас (ЛНГ), со купување наоѓалишта за гас во Северно Море и со проширување на гасоводната мрежа.

Во ноември, ПГНиГ со американскиот Чениер маркетинг склучи договор за снабдување со течен природен гас одразувајќи го се поголемата ориентираност на Полска кон американските добавувачи како дел од напорите за намалување на полската зависност од рускиот гас.

Договорот опфаќа период од 24 години и предвидува испорака на вкупно 40,95 милијарди просторни метри природен гас. Стапува во сила следната година.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе