Полска ѝ порача на Германија: Наместо нам, пратете ги ракетните системи во Украина

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак вчера изјави дека побарал од Германија ракетните системи Патриот што ѝ ги понуди на Полска да ги испрати во Украина.

Фото: ЕПА

„По натамошните руски ракетни напади, побарав од Германија во Украина, на нејзината западна граница, да ги испрати ракетните батерии Патриот понудени на Полска. Ова ќе ја заштити Украина од понатамошни умирања и прекини на струја и ќе ја зголеми безбедноста на нашата источна граница“, напиша Блашчак на Твитер.

Во понеделникот, Полска соопшти дека ќе предложи распоредување дополнителни системи Патриот во близина на нејзината граница со Украина, по германската понуда. Берлин ѝ го понуди на Варшава системот за противракетна одбрана Патриот за да помогне во обезбедувањето на нејзиниот воздушен простор по падот на залутан проектил во Полска минатата недела.

Претходно тој изјави дека на источниот сосед ќе му понуди помош за воздушна заштита со германски борбени авиони еурофајтер. Ракетата што ја погоди Полска минатата недела, при што загинаа две лица, беше случајно истрелана од украинските одбранбени сили и не беше руски напад, изјави шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе