На најмалку 6 месеци

Полска го укинува ДДВ-то на животните продукти поради инфлацијата

Полска најверојатно во февруари ќе го сведе на нула данокот на додадена вредност (ДДВ) на основните прехранбени производи.

Фото: ЕПА

Полскиот премиер Матеус Моравјецки изјави дека мерката ќе биде дел од пакетот за ублажување на последиците од зголемената инфлација врз домаќинствата.

„Постојат многу големи шанси од февруари да го намалиме ДДВ за основните прехранбени производи на нула, на најмалку шест месеци“, рече Моравјецки на прес-конференција.

Владејачката полска Партија на правото и правдата, која претходно усвои пакет мерки со кои се намалија даноците на бензинот, гасот, парното и електричната енергија и најавената еднократна финансиска помош за домаќинствата, вели дека не може да го намали ДДВ за храната на нула поради правилата на ЕУ.

Полска веќе подолго време инсистира во ЕУ да се дозволи продажба на храната без ДДВ, но Моравјецки не прецизираше дали блокот одлучил за ова прашање.

Инфлацијата во Полска во ноември изнесуваше 7,8 отсто на годишно ниво, соопшти заводот за статистика.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе