Според шефот на МИ6

Половина руски шпиони во Европа протерани откако почна војната во Украина

Половина од сите руски шпиони што дејствуваат под дипломатско покритие низ Европа се протерани од почетокот на војната на Кремљ во Украина, изјави денеска шефот на британското надворешно разузнавање.

Фото: ЕПА

„Така, низ Европа, приближно половина - нешто повеќе од 400 руски разузнавачи што работат под дипломатско покритие - се протерани“, го цитира Гардијан Ричард Мур, шеф на МИ6, на безбедносниот форум во Аспен во САД.

„Тоа веројатно за половина ја намалува нивната способност за шпионирање за Русија во Европа“, додаде тој.

Според Мур, шпионите биле исфрлени од земјите во континентална Европа, вклучувајќи ги Франција и Германија.

Голем број европски земји протераа десетици руски дипломати како дел од заедничкиот одговор на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Берлин во април прогласи 40 руски дипломати за персона нон грата во знак на протест поради војната, додека Париз протера 41 Русин, вклучително и шестмина осомничени дека работеле како шпиони под дипломатско покритие.

Минатиот месец Холандија соопшти дека спречила руски шпион што се претставувал како бразилски приправник да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд, кој во моментов ги истражува осомничените воени злосторства во Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе