Половина од чешката популација сака да ја прими руската вакцина

Истражување во Чешка покажа дека скоро 47% од населението би сакале да се вакцинираат против коронавирусот со руската вакцина Спутник V, која сè уште не е регистрирана во таа земја.

Фото: ЕПА

Според порталот МфДНЕС, кој го нарача истражувањето од агенцијата СТЕМ/МАРК, поддршката за руската вакцина во Чешка е многу голема.

„46,6 проценти од испитаниците се спремни да се вакцинираат со Спутник, наместо да чекаат на неодредено време додека да им дојде редот да се вакцинираат со некоја од европските вакцини“, посочува весникот.

Луѓето на возраст од 60 до 75 години, мажи, како и жителите на Моравија и населените места во кои живеат по не повеќе од илјада луѓе, имаат најголема желба да се вакцинираат со рускиот препарат.

Во изминатиот месец, бројот на луѓето што сакаат да се вакцинираат во Чешка е зголемен за 7 проценти, што претставува вкупно 57 проценти од населението, што е значително повеќе отколку во другите земји од регионот како Полска, Словачка и Унгарија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе