Полска истовремено од САД бара да ѝ достави половни авиони со соодветни оперативни способности. Спремна е веднаш да ги утврди и условите за купување на тие авиони, се додава во соопштението.
Полската влада бара и од другите НАТО сојузници, кои имаат авиони МиГ-29, да го направат истото.
САД и сојузници со денови размислуваат како ќе ѝ помогнат на Украина со авиони. Планот е Полска и останатите земји од Источна Европа, како Словачка, Бугарија и Романија, да ѝ ги испратат своите борбени авиони од советско време на Украина за да ѝ помогнат во борбата против поголемите и пософистицирани руски борбени авиони. САД тие борбени авиони во замени би ги надоместил со американски авиони Ф-16 со дополнителни безбедносни подобрувања и заштита за да го намалат стравот кај сојузниците од руска инвазија.
На тој начин Соединетите Американски Држави добиваат „мигови“ за да им ги испратат на воздухопловните сили на Украина. Битно е Украинците да добијат Миг-29 бидејќи украинските пилоти се обучени за тој тип авиони, а Полска формално нема ништо против со предавање на борбените авиони на Украина.
Како што јавуваат британските медиуми, на потегот на Полска да ги достави своите „мигови“ во американската воена база во Германија влијаеле интензивните преговори меѓу полската влада и британскиот премиер Борис Џонсон.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски со денови бара од Западот на украинските сили да им препуштат борбени авиони со кои нивните пилоти би можеле да летаат. Авиони МиГ-29 меѓу европските НАТО членки имаат Полска, Словачка, Романија и Бугарија.