Политико: Што готви Стив Бенон во Лондон?

Непосредно пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Лондон, далеку од очите на јавноста, се собраа лидерите на европските популистички движења.

Тие се сретнале во средата во хотел со пет ѕвездички во лондонскиот кварт Мејфер, пренесува Политико. Луј Алио, десничарски политичар и партнер на лидерката на француските популисти Марин Ле Пен минал низ лобито до конференциската сала скриена зад ресторанот каде се служи попладневниот чај.

Истото го направил и Најџел Фараџ, десничарскиот политичар и идејниот творец на брегзитот за кого локалните таблоиди тврдат дека владата му „забранила“ средба со Трамп за време на неговата посета на Британија.

Бен Харис Квини, претседавач на еден лондонски конзервативен институт, вели дека тие се обидуваат да му искажат силна поддршка на Трамп.

Сите тие дошле во хотелот за да се видат со главниот стратег на Трамп Стив бенон чија цел е, како што кажал, да помогне да се „контекстуализира“ Трамп за европската јавност која, како што се верува, не го сака многу.

Бенон кажа дека ја поддржува воинствената реторика на Трамп на самитот на НАТО каде американскиот претседател побара од европските сојузници да ги удвојат издвојувањата за воениот пакт.

„Тоа не е остра реторика. Тоа е партнерска дебата. Нема повеќе среќни разговори. Тој тоа го прави затоа што сака Алијансата да функционира“, кажа Бенон.

Сепак, повеќето аналитичари се сложни дека моментот на Трамповата посета на Британија не е баш најдобар затоа што британската јавност е окупирана со фудбалот, како и со турбуленциите во владата по оставките на двајца министри поради несогласувања околу брегзитот.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе