Политико: Шпанец на местото шеф на дипломатијата на ЕУ е компликација за Косово

Доколку Жозеп Борел биде потврден за местото шеф на дипломатијата на ЕУ, тоа може да доведе до компликации, поради фактот што Шпанија не ја признава самопрогласената независност на Косово.

Во блогот кој се бави со самитот на ЕУ и именувањата на водечките позиции на ЕУ институциите, Политико наведува дека шпанскиот министер за надворешни работи, доколку биде потврден за позицијата нов шеф на ЕУ дипломатијата, би бил и новиот посредник во дијалогот на Србија и Косово, чија цел е нормализација на односите.

„Компликациите во врска со можното именување на Борел, покрај обвинувањата за проневери и лошо работење на германската министерка Урсула фон дер Лејен, се само уште еден пример кој кажува дека лидерите на ЕУ не ги разгледале целосно последиците на своите кандидати“, наведува Политико.

Во текстот се наведува дека Шпанија не ја признава самопрогласената независност на Косово, поради сопствената загриженост од сепаратистичките движења, особено она во Каталонија.

Лидерите на ЕУ се договорија да ја поддржат кандидатурата на Урсула фон дер Лејен за нова шефица на Европската комисија, објави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

За шеф на Европскиот совет е избран белгискиот премиер Шарл Мишел, за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност шпанскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел, а за претседателка на Централната европска банка шефицата на ММФ Кристин Лагард..

Новите лидери на институциите на ЕУ сега треба да ги потврди Европскиот парламент.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе