Повикувајќи се на дипломатски извори, порталот наведува дека и самиот факт што Блинкен толку брзо се согласил да учествува на вчерашната средба на Советот за надворешни работи претставува добар знак.
Тоа што останал и ги ислушал сите 27 министри е уште еден знак, барем на неговото трпение, додаваат изворите.
Повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент Политико наведува дека на состанокот станало збор за „заедничкиот одговор на жешките глобални прашања, вклучувајќи ги ковид-19, Иран, Кина и климатските промени, а секретарот, како што се додава, ја поздравил одлуката на ЕУ да ѝ наметне санкции на Русија под изговор на нарушување на човековите права, за случајот со Алексеј Навални и неговите поддржувачи“.
САД подготвуваат сопствен одговор на затворањето и наводното труење на рускиот опозиционер, а се очекува дека во следните недели ќе се координираат околу санкциите со Европа, се наведува.