По оставката на Харадинај

Политичка криза на Косово, се бара од претседателот Тачи итно да распише избори

Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весељи побара од косовскиот претседател Хашим Тачи веднаш да одреди датум за избори.

Весељи ова го кажа по седница на претседателството на парламентот на која беше одлучено дека посебната седница на тоа законодавно тело за распуштање на собранието ќе биде одржана на 22 август.

Тој истакна дека на седницата бил постигнат консензус за некои одлуки кои, според некои, се во интерес на граѓаните.

„Распуштањето на собранието му овозможува на претседателот автоматски да одреди датум за изборите. Кажав со целосно убедување и сѐ уште тврдам дека изборите се единственото решение за граѓаните. Тие не се само опција или алтернатива, туку вистинска одлука за граѓаните. Со оваа одлука покажавме достоинство“, кажа Весељи.

Откако датумот на седницата на парламентот за распуштање е одреден, изборите би требало да бидат одржани од 30 до 45 дена од 22 август, кажа Весељи, додавајќи, меѓутоа, дека одредувањето на датумот на одржување на изборите е во надлежност на косовскиот претседател.

Поранешниот косовски премиер на Рамуш Харадинај ја поздрави денешната одлука на претседателството на парламентот за датумот на распуштањето на законодавното тело. Коха пренесува дека Харадинај кажал дека одлуката е „соодветна и во согласност со законите и уставот“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе