Градот е под опсада

Полициски возила во колони пристигнуваат во Белград, се очекуваат нови протести (ВИДЕО)

Полициски сили се собрани пред српскиот парламент, се очекува во 18 часот да почнат нови демонстрации.

По протестот на граѓаните што избувна на улиците во Белград во вторникот вечерта поради најавата дека повторно ќе биде воведен полициски час, српската престолнина денес е под полициска опсада.

Дел од полициските сили веќе е распореден пред зградата на парламентот, во очекување на денешниот протест.

Српските медиуми објавија видео од корисник на Твитер што снимил конвој возила на Министерството за внатрешни работи на автопатот кон Белград. За вечерва е најавен нов протест.

Пред самата зграда на Претседателството има многу полицајци во цивил.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес во обраќањето до граѓаните изјави дека премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар утре ќе ги донесат новите мерки, кои веројатно нема да вклучуваат полициски час.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе