„Слепиот гнев не води никаде“

Полициска станица во Атина нападната од млади кои протестираа против полициското насилство (ВИДЕО)

Грчкиот премиер повика синоќа на мир откако младите луѓе кои протестираат поради случаите на полициско насилство нападнаа со запаливи бомби една полициска станица во Атина и тешко повредија полицаец.

EPA-EFE

Премиерот Киријакос Мицотакис во изјавата го осуди насилството и подвлече дека „слепиот гнев не води никаде“.

Насилството изби за време на демонстрациите на околу 5.000 луѓе во јужниот дел на Атина Неа Смирни каде стотина момчиња фрлаа Молотови коктели и камења врз полицијата која се обиде да ги одбие со водени топови, солзавец и шок-бомби.

Демонстрантите соборија полицаец од мотоцикл и десетици го тепаа со палки и камења. Полицајците на крајот сепак успеаја да ја одбијат толпата и да го одбранат повредениот полицаец кој е во болница.

„Тоа би требало да нè разбуди – животот на младиот полицаец беше загрозен“, кажа Мицотакис.

Опозициските парти исто така го осудија насилството.

Полицијата соопшти дека уште двајца полицајци се повредени, а 10 лица се уапсени поради сомнеж дека учествувале во немирите. Нема непосредни извештаи за повредени демонстранти.

Голема штета била направена и врз паркирани возила.

Маршот до полициската станица во Неа Смирни беше одговор на полициското спроведување на мерката карантин во неделата, поради епидемијата.

Објавена е видео-снимка на полицаец кој тогаш удирал човек кој, по сè изгледа, не направил ништо за да биде така казнет.

Полицијата, меѓутоа, се брани со тврдења дека полицајците претходно ги нападнале десетици луѓе кои се спротивставиле на изрекување парични казни поради непочитување на карантинот.

Се води истрага за тој случај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе