Пред зградата на Конгресот

Полициска снимка од убиството на аргентински политичар и ранувањето пратеник (ВИДЕО)

Аргентинскиот пратеник Хектор Оливарес беше застрелан во четвртокот наутро во близина на Националниот конгрес во Буенос Аирес, како што се гледа и на полициските снимки.

Оливерес, член на Радикалната граѓанска унија, е сериозно ранет, а во нападот загина друг функционер, Мигел Марсело Јадон, кој беше координатор на Фондот за транспорт на електрична енергија во Ла Риоха.

Оливарес и Јадон беа застрелани од напаѓачи во автомобил.

Јадон почина на местото на настанот, а Оливарес е во „сериозна состојба“ откако беше опериран во болница во Буенос Аирес, изјавија официјални лица.

Според полицискиот извештај, Оливарес бил застрелан во нога, а Јадон во стомакот. Полицијата не верува дека се работи за обид за оружен грабеж, бидејќи атентаторите по неколку моменти, како што се гледа и на снимката, го напуштиле местото на убиството.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе