Улична војна во Белград

Полицијата воспостави контрола во околината на српското собрание, ги потисна демонстрантите (ФОТО+ВИДЕО)

Припадниците на српската полиција воспотавија контрола, по повеќечасовните судири со демонстрантите, во пошироката околина на српското собрание и поставија повеќе кордони со кои спречуваат враќање на учесниците на протестите кон зградата на парламентот.

 

Откако околу еден часот по полноќ на полицијата ѝ пристигна засилување, таа со употреба на физичка сила и солзавец ги потисна демонстрантите на плоштадот Никола Пашиќ и Пионирски парк.

Еден кордон е поставен на Теразије, друг меѓу зградата на Претседателството и градското собрание, како и на други места.

Припадниците на полицијата околу полноќ ги потиснаа демонстрантите од платото пред српската Скупштина.

Групи демонстрантите се судрија со полицајците кај собранието, па пред собранието беше фрлено големо количество солзавец за да се избркаат насобраните.

Протестот почна синоќа околу 21 часот по најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе биде воведена вонредна состојба со полициски час во Белград, можеби и во други градови во Србија.

Првиот поголем судир се случи во 23:30 часот кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и факели кон полицијата, по што полицијата возврати со солзавец.

Една група демонстранти успеа да упадне во зградата на Скупштината на Србија, но набрзо беше исфрлена надвор.

 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе