Полицијата во Венецуела им го блокираше пристапот на пратениците до парламентот

Венецуелските безбедносни сили го блокираа денес пристапот до народното собрание, единствената институција која ја контролира опозицијата на режимот на претседателот Николас Мадуро, чија власт ја продолжува офанзивата против опозицијата собрана околу Хуан Гуаидо, две недели по неуспешниот бунт.

Од утринава полицијата, Боливарската национална гарда и разузнавачките служби (Себин) се поставени околу Сојузната палата и им забрануваат простап на пратениците и новинарите, јавуваат агенциите.

Пратениците требало да расправаат за процесот против десетмина нивни колеги кои правосудството ги обвинува дека „активно“ го поддржале неуспешниот бунт на 30 април, на кој повика Гуаидо.

Владата на Николас Мадуро се обидува „да ја грабне законодавната власт, додека диктаторот се крие во палатата во која не би требало да се наоѓа и се плаши од сите околу него“, напиша Гуаидо на Твитер.

По повикот на бунт пред две недели, власта ја насочи својата офанзива кон собранието, единствената институција која не ја контролира, и ги прогонува „предавниците“ кои ги смета одговорни за таа операција.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе