Полицијата во Сан Франциско убила момче со кренати раце (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата во Сан Франциско убила човек осомничен дека ограбил аптека, мислејќи дека тој има пиштол.

Тоа се покажа како неточно, соопшти денеска полицијата.

Полицијата помислила дека чеканот, кој осомничениот го носел на појас, е огнено оружје, јавува АП.

Полицајците рекле дека осомничениот Шон Монтероса (22) почнал да трча кон автомобилот, а потоа одеднаш запрел, паднал на колена и ги кренал рацете над половината, откривајќи го она што личело како заден дел од огнено оружје на неговиот појас.

Еден од полицајците пет пати пукнал низ прозорецот на автомобилот, еднаш погодувајќи го осомничениот.

Монтероса од Сан Франциско е првиот потврден смртен случај за кој е одговорна полицијата за време на немирите и протестите во Калифорнија, кои се одвиваат откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина за време на полициска акција.

Шефот на локалната полиција рече дека полициските службеници одговориле на повици за грабеж кога се случило пукањето.

Адвокатот на семејството Монтероса, Џон Бурис, изјави дека е згрозен што полицијата пукала кон лице што било на колена со кренати раце.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе