Полицијата во Нигер заплени 200 килограми кокаин од возило на градоначалник

Полицијата во Нигер заплени повеќе од 200 килограми кокаин од возило на градоначалник на мало место на северот на земјата, соопштија властите.

Илустрација: ЕПА

Околу 200 пакети кокаин биле запленети викендов во Агадез од службеното возило на градоначалникот на местото Фачи, трговски центар на околу 400 километри од Агадез.

Градоначалникот и неговиот возач се приведени на испрашување во Ниамеј, главниот град на Нигер, а полицијата трага по уште еден осомничен. Во истрагата се вклучени и агенти на Европската унија.

Заплените на дрога стануваат се почести во Западна Африка, што покажува дека континентот стана центар за трговија со дрога меѓу Јужна Америка и Европа.

Во октомври 2021 година, сенегалската морнарица заплени повеќе од два тона кокаин од брод.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе