Полицијата во Мјанмар ги задуши новите протести (ВИДЕО)

Безбедносните сили на Мјанмар денес употребија солзавец и шок-бомби за да ги смират протестите во Јангон, само неколку часа откако претставник на Обединетите нации го повика Советот за безбедност да преземе акција против владејачката воена хунта за убиството на демонстрантите.

Фото: ЕПА

Откако армијата на 1 февруари ја уапси премиерката Аунг Сан Су Кји, во оваа земја во југоисточна Азија владеат превирања, проследени со секојдневни протести и штрајкови, кои на воената влада ѝ го отежнуваат управувањето на земјата.

Во саботата беа организирани повремени протести низ Мјанмар, а локалните медиуми објавија дека полицијата употребила солзавец и шок-бомби за да ги задуши протестите во округот Санчаунг, Јангон, најголемиот град во државата. Нема информации за жртви.

Според Обединетите нации, од почетокот на воениот удар се убиени повеќе од 50 демонстранти - најмалку 38 само во средата. Демонстрантите бараат ослободување на Су Кји и почитување на изборите во ноември минатата година, на кои нејзината партија победи, но чии резултати војската ги отфрли.

„Колку уште ќе ѝ дозволуваме на армијата на Мјанмар да продолжи со ова?“, рече во петокот специјалната претставничка Кристин Шранер Бургенер на состанокот на Советот за безбедност на ООН, пренесува Ројтерс.

„Клучно е овој Совет да биде решителен и кохерентен, имајќи ја предвид работата на безбедносните сили и обезбедувајќи му заштита на народот во Мјанмар, во знак на почит кон јасните резултати од изборите во ноември.

Портпаролот на владејачката партија не одговорил на повикот за коментар. Војската претходно соопшти дека била воздржана во запирањето на протестите, но рече дека нема да дозволи нарушување на стабилноста.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе