Ласери и светлечки гранати

Полицијата во Минск употреби нова техника против демонстрантите (ВИДЕО)

Полицијата во Минск употреби ласери и светлечки гранати за да ги разбрка насобраните демонстранти во западното предградие на белоруската престолнина, јавува ТАСС.

EPA-EFE

Околу 500 луѓе, главно млади, се собрале во тој дел од Минск без дозвола, јавува дописникот на руската агенција.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август и според првичните резултати претседателот Александар Лукашенко доби 80,08 отсто од гласовите.

По објавувањето на резултатите, избија протести во Минск и во уште неколку градови.

Белоруските власти соопштија дека на протестите против изборната победа на претседателот Лукашенко се уапсени околу 2.000 незадоволни граѓани.

Министерството за внатрешни работи наведе дека 21 припадник на полицијата и безбедносните служби се повредени, од кои пет се хоспитализирани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе