Полицијата во Истанбул со солзавец растера собир на жени

Турската полиција испука солзавец во Истанбул врз неколку стотици жени собрани против насилството врз нив и поради истапувањето на Турција од меѓународната спогодба што ги штити жените.

Фото: ЕПА

Собраните жени носеа транспарент со напис „Ќе се бориме сѐ додека не го добиеме тоа што го сакаме“ и ги повикаа властите на претседателот Реџеп Таип Ердоган земјата да ѝ се врати на меѓународната спогодба позната како Истанбулска конвенција.

Конвенцијата во 2011 година ја усвои Советот на Европа и таа претставува механизам со кој се утврдуваат  правнообврзувачките процедури со цел да се спречи насилството од сексистичка природа. Спогодбата е потпишана во Истанбул.

Турција официјално ја напушти меѓународната спогодба во јули, а властите тогаш наведоа дека спогодбата може да ја поттикне хомосексуалноста и да го загрози традиционалното семејство.

Поворката се обиде да пројде низ полициските барикади, но тие возвратија со испукување солзавец за да ја растераат масата.

Собирот е одржан по повод Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе