Полицијата во Хонг Конг упадна во редакцијата на познат весник, уапсени директори и уредници

Денес, полицијата во Хонг Конг уапси директори и уредници на продемократскиот весник Епл дејли, објави Си-ен-ен.

EPA-EFE/APPLE DAILY

Извршниот директор Чун Ким Хонг, главниот извршен директор Чо Тат Куен, главниот уредник Рајан Ло, заменик главен уредник и уредникот на порталот се уапсени и обвинети за „соработка со странски сили со цел загрозување на националната безбедност“, што е закон воведен минатата година, а со кој се забранува побуна, сецесија и субверзија против Пекинг.

Полицијата упадна во канцеларија на Епл дејли и ги блокираше сите влезови и излези.

Исто така замрзнати се 2,3 милиони американски долари имот во сопственост на три компании поврзани со Епл дејли.

Како што известија од весникот, повеќе од 100 полицајци дошле до седиштето на Епл дејли. На Фејсбук е објавено видео во живо на кое се гледа како полицијата бара вработени да се идентификуваат и им го блокираат враќањето на работното место.

Владата во Хонг Конг во четвртокот потврди дека „пет директори на компаниите“ се уапсени поради сомневање дека го прекршиле Законот за национална безбедност, иако не именуваше медиум. Според владиното соопштение, директорите биле притворени поради истрага.

Во друга изјава полицијата потврди дека официјални претставници на националната безбедност добиле налог за претрес на медиумска компанија и дека полициските службеници имале овластувања за „пребарување и конфискување новинарски материјал“.

На брифинг за новинари, полицијата соопшти дека од 2019 година, Епл дејли секојдневно објавувал повеќе од 30 статии кои повикуваат земјите да воведат санкции против Хонг Конг и континентална Кина.

„Владата го претресе Епл дејли бидејќи не успеа да го скрши весникот исклучиво со економски притисок. Тоа значи дека во редакцијата имаме 130 полицајци кои ги чешлаат документите“, рече Марк Симон, директор на приватниот новински холдинг.

Апсењата и истрагите се најновиот чекор во ескалирачката акција против провокативниот, антипекиншки таблоид, кој во Хонг Конг стана симбол за слобода на медиумите, во како што многу аналитичари тврдат, сè понепријателското опкружување за оваа индустрија.

Слободата на печатот е основно право загарантирано со Основниот закон на Хонг Конг, градскиот мини устав. Сепак, експертите се загрижени поради користењето на Законот за национална безбедност, а исто така имало индикации за притисоци врз други медиуми во градот.

Полицијата одделно била во домовите на главниот уредник и издавач и ги уапсила.

Ова е втор претрес што се случува во просториите на Епл дејли за помалку од една година, во претресот минатиот август биле уапсени 10 лица, вклучувајќи го сопственикот на весникот Џими Лаи и неговите синови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/APPLE DAILY

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе