Полицијата во Холандија нашла тајна соба за мачење во контејнер, со забарски стол (ВИДЕО)

Властите во Холандија откриле тајна просторија за мачење скриена во бродски контејнер. Собата била обложена со звучно изолирачки материјали и полна со апарати што биле користени за малтретирање луѓе.

Screenshot

Полицијата на 22 јуни спровела рација во местото Вувсе плантаж на холандско-белгиската граница и уапсиле шест мажи осомничени за киднапирање и земање заложници. Нашле шест контејнери за превоз кои биле претворени во затворски ќелии, како и залихи на оружје, пренесува Си-ен-ен.

„Во секоја ќелија имаше лисици прицврстени за плафонот и подот“, се наведува во соопштението на полицијата.

Во еден од контејнерите имало забарски стол со каиши за рацете и нозете.

„Бродскиот контејнер со забарски стол содржеше и вреќи со предмети за кои претпоставуваме дека биле наменети за мачење или барем за создавање притисок врз жртвите“, се додава во соопштението.

Во контејнерите имали и надзорни камери. Полицијата нашла и три украдени доставни комбиња, два автомобили БМВ, седум пиштоли и кинеска верзија на автоматската пушка АК-47 калашњиков.

Властите истакнаа дека истрагата почнала во април, а во нејзиниот тек службениците пристапиле на шифрираната социјална мрежа Енкрочет за да ги следат движењата и плановите на групата осомничена за киднапирања. На тој начин полицијата дознала кои се планираните жртви и успеала да ги предупреди и заштити.

Енкрочет, кој нудел безбедна размена на пораки преку мобилна апликација, бил „злосторнички пазар“ кој 60.000 луѓе низ светот го користеле за координација на дистрибуција на нелегална стока, перење пари и планирање убиства, според британската Национална агенција за криминал (НЦА).

Полицијата при рацијата уапсила шест мажи поврзани со контејнерите за мачење. Сите уапсени се од Холандија, а суд во Амстердам во понеделникот им одреди притвор во траење од 90 дена.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе