Полицијата во Боливија наоѓа тела на заразени на улиците, во автомобилите и куќите (ВИДЕО)

Специјална полициска единица во последните пет дена собрала 420 тела во два боливиски града, а властите сметаат дека 80 до 90 отсто од умрените се жртви на коронавирусот.

EPA-EFE

Иван Рохас, шефот на специјалните сили за борба против криминалот, кажа дека неговите службеници наоѓале тела на улиците, во возила и во куќи во главниот град Ла Паз и најголемиот град на Боливија Санта Круз.

Боливискиот Институт за форензика објави дека од 1 април до неделата неговите вработени нашле 3.016 тела за кои се смета дека биле жртви на ковид-19. Директорот на Институтот Андрес Флорес кажа дека Одделот Санта Круз забележал најголем број смртни случаи.

Властите вчера соопштија дека во Боливија досега се забележани 60.991 потврден случај на коронавирусот и 2.218 смртни случаи. Претходно стручниот одбор кој ја советува боливиската влада предложи претседателските избори закажани за 6 септември да се одложат поради пандемијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе