Полицијата во Англија пронајде плантажа со марихуана на три ката, вредна околу милион фунти

Полицијата откри плантажа со канабис на три ката во поранешен ноќен клуб во Ковентри, за која се проценува дека вреди повеќе од милион фунти.

Офицерите од британската Национална агенција за криминал (НЦА) во четвртокот го пребарале објектот и пронашле 1.000 растенија на марихуана и опрема за садење, одгледување и наводнување, чија вредност се проценува на околу 150.000 фунти, пишува Скај њуз.

Уапсени се тројца мажи и се обвинети за производство на дрога од Б класа. Полицијата ги уапси двајцата со помош на дрон додека се обидувале да избегаат од зградата.

„Станува збор за значајна заплена на дрога што ќе има огромно влијание врз вклучените организирани криминални групи, лишувајќи ги и од производот и од профитот. Плантажата се простира на три ката од голема зграда. Тоа е секако една од најголемите плантажи откриена од НЦА“, рече Адам Ворнок од НЦА.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе