Спорен предлог-закон во Франција

Полицијата употреби водени топови на протест за забраната за снимање полицајци (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници Французи протестираа денеска во Париз и други градови поради законот за кој тврдат дека ќе ја загрози слободата на информирање и правата на медиумите.

Фото: ЕПА

Предлог-законот, кој стигна до францускиот парламент, го криминализира објавувањето фотографии или снимки на полицајци со намера да им се наштети.

Доколку законот стапи во сила, сторителите може да бидат осудени на максимум една година затвор и парична казна од 45.000 евра.

На денешните протести повикаа активисти за граѓански права и здруженија на новинари, меѓу кои и Репортери без граници, францускиот разгранок на Амнести интернешнел и Лигата за човекови права.

Неколку илјади луѓе, вклучувајќи и многу новинари и студенти, се собраа на парискиот плоштад Трокадеро во близина на Ајфеловата кула. Тие извикуваа „Слобода, слобода“ и „Секој сака да ја снима полицијата“.

Демонстрациите станаа насилни кога полицијата ги нападна демонстрантите со водени топови.

На демонстрациите се приклучија и некои членови на движењето Жолти елеци.

Владата вели дека новиот закон има цел да ги заштити полицајците од повиците за насилство преку интернет, додека противниците стравуваат дека новата одредба ќе ги загрози новинарите и другите граѓани што снимаат полицајци на должност, особено за време на насилни демонстрации.

Високиот комесаријат на ООН за човекови права и францускиот народен правобранител изразија загриженост дека новата законска одредба може да ги загрози основните права.

Реагирајќи на критиките, премиерот на Франција, Жан Кастекс, во четвртокот рече дека амандманот ќе прецизира дека новата мерка „нема да ја загрози слободата на информирање“ и дека ќе биде насочена само кон слики или снимки објавени со „јасна намера“ да му се наштети на полицаец.

Претставник на едно француско здружение на новинари, Емануел Пупар, денес изјави дека амандманот „не менува ништо“ и дека новиот закон „има само една цел, да го зголеми чувството на неказнивост за полицајците и да ја направи полициската бруталност невидлива“.

Демонстрантите велат дека снимањето полицајци на дело е клучно за можноста да се осудат и ограничат постапките на насилните припадници на безбедносните сили.

Тие се загрижени и за тоа како судовите ќе утврдат дали снимките биле објавени со намера да наштетат некому.

Предлог-законот го промовираат членовите на владејачката партија Република во движење на францускиот претседател Емануел Макрон. Партијата има мнозинство во парламентот, коe за новиот закон треба да гласа во вторник.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе